Затворени градинките и училиштата во Куманово

Училиштата и градинките во Куманово денеска не работат. Оваа одлука вчера ја донесе Советот на општината поради полициската акција за разбвање на терористичка група во местото Диво насеље, која траеше поќеве од 30 часа.

Дали оваа одлука ќе важи и за утре, ќе се знае во текот на денот.

Во акцијата за неутрализирае на терористите во Куманово, животот го загубуја осум припадници на безбедносните сили, а 37 полицајци се повредени.

Вчера и денеска во Македонија се прогласени за Ден на жалост.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.