Затворени избирачките места во Каталонија, 760 повредени

Во 20 часот по локално време се затворени избирачките места во Каталонија каде што во неделата локалното население се изјаснуваше за независност на оваа покраина и покрај судската забрана за референдумот и интервенцијата на полицијата зад која останаа 760 повредени,  и 33 полицајци.

Во текот на ноќта се очекува изјавата на каталонскиот претседател Карлес Пуждемон и објавување на резултатите кои шпанската влада не ги признава. Самиот референдум беше спротивен на шпанскиот устав, а јавноста ќе се обрати шпанскиот премиер Маријано Рахој во Мадрид.

Шпанската полиција објави дека од утрото затворила 92 училишта каде што се наоѓале избирачките кутии откако што автономната каталонска полиција не реагираше.

Државното обвинителство може да подигне тужба против таа, како што ја нарече, „политичка полиција“, наведува весникот El Pais повикувајќи се на извори во правосудството. Во другите училишта, како основното во улицата Ла Рамбла, во центарот на Барселона изјаснувањето беше продолжено и покрај тоа што шпанските централни власти го соборија информатичкиот состав.

Регионалната влада објави во неделата вечерта дека полицијата затворила само 319 избирачки места. Каталонската влада го планираше изјаснувањето на повеќе од 2.300 избирачки места, но остана непознато колку останале отворени. Според каталонските власти од утрото, биле отворени 73 отсто од избирачките места.

Настојувајќи да ги отстранат поборниците на референдумот кои со мирен отпор ги блокираа влезовите во училиштата, полицијата користеше гумени куршуми и пендреци при што се повредени стотици цивили. Во судирите се повредени и 14 полицајци на Цивилната гард и 19 на националната полиција. Четири лица се приведени, од кои едно е малолетно. Лекарска помош побарале 760 лица, соопшти каталонската служба за итна медицинска помош, од кои некои се потешко повредени.

Портпаролот на каталонската влада Жорди Турул, изјави дека шпанската влада ќе одговара пред меѓународните тела поради употребата на сила и насилствата.

„Шпанската држава многу се компромитираше и ќе заврши на меѓународните судови“, рече Турул на прес-конференцијата. Додаде дека следи пребројувањето на милионите гласови, но не се знае кога тоа ќе биде завршено.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.