Затвореници се степале за името Македонија

Тепачка по кавга за името на Република Македонија, се случила меѓу двајца затвореници во Казнено-поправниот дом Идризово, јави порталот dosie.com.mk, а веста утрово ја пренесуваат и други медиуми.

Наводно кавгата почнала во поуотвореното одделение на затворот, околу тоа дали е неопходно да се смени името на државата. Во размена на мислења, едниот затвореник му рекол на другиот дека името не е за поткусурување и продажба за политички цели. За ова, другиот одговорил со со пцовки и навреди.

Кавгата се вжештила , едниот од нив замавнал со бокс, навредениот успеал да се отргне и да возврати и бранејќи се, со еден удар успеал да го собори и тешко да го повреди „противникот“.

Натепаниот бил однесен во болница каде му била санирана скршеница на носот, а затвореникот кој се бранел завршил во самица.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.