Затвореник во Идризово се обидел да се самоубие

Затвореник во Идризово се обидел да се самоубие. Осуденото лице М.С. вчера попладне се обидело да си го одземе животот.

Од полицијата информираат дека затвореникот се обидел да си го одземе животот со бесење и пиење на поголемо количество медикаменти.

Истиот е префрлен на Клиниката за токсикологија, каде е задржан на лекување и е вон животна опасност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.