Македонија

Затвореник од Идризово јавил дека има бомба во Собрание

Затвореник од Идризово јавил дека има бомба во Собрание

Македонската полиција синоќа околу 23 часот примила анонимна дојава за бомба во Собранието. Антитерористичката единица на МВР извршила проверки во внатрешноста и надворешноста на зградата и не била пронајдена никаква експлозивна направа. Утврдено било дека лицето се јавило од говорницата во затворот Идризово.

Директорот на затворот Идризово, Живко Пејковски, за порталот СДК.мк потврдил дека пријавата била од еден од затворениците. Идентитетот на јавувачот уште не е познат. Се истражува кој од затворениците станал од кревет во тоа време и ја злоупотребил телефонската говорница во затворот.

Иналу, ова е втор ваков случај откако викендов пијан маж се закани дека ќе ја разнесе зградата на Владата.

Лажното пријавување е казниво со затворска казна.