Затвореник од затворот во Прилеп им избегал на полицајци

Во Полициска станица Прилеп вчера 33-годишниот Д.Н. инаку вработен во Казнено поправна установа Затвор Прилеп пријави дека истиот ден во времето од 19.00 до 19.30 часот додека заедно со двајца негови колеги Д.П. и Р.В. го носеле притворениот Л.П.  да му се изврши преглед во Градска Болница, при излез од болницата додека го ставале во возило, тој го турнал службеникот и избегал.

Настанот е пријавен во Полициска станица од Општа надлежност Прилеп.

Околу 22 часот лицето било пронајдено и спроведено во Казнено поправна установа Затвор Прилеп.