Затвореник повреден во штипскиот затвор

Вчера во 19.20 часот во полициската станица во Штип, еден вработен во затворот во Штип телефонски пријавил дека во затворот пронашле затвореник кој бил повреден и истиот веднаш бил пренесен на Клиника во Штип.

Полициски службеници констатирале дека се работи за затвореникот Ш.Ш. (40) од село Нераште, општина Теарце, кој појаснил дека пред ќелијата во затворот се лизнал и паднал.

Доктор констатирал тешки телeсни повреди скршена носна коска и скршеница на ребро од десна страна.