Затворените од „Диво насеље“ со редица привилегии во „Идризово“

Хаос и безредие во изминатиов период царува во македонските затвори додека надлежните органи под владеење на СДСМ и Зоран Заев не преземаат ништо, велат извори од скопскиот казнено-поправен дом „Идризово“.

Имено, трето обвинетиот во случајот „Диво Насеље“, Деме Шеху од Косово, кој е еден од уапсените во анти-терористичката акција на 9-ти и 10-ти Мај 2015 година, а во која загинаа осум полицајци од специјалните и од посебните единици на МВР, додека четириесетина беа повредени, од својот мобилен телефон кој го поседува во затворот преку Фејсбук испраќа пораки до јавноста и политичките партии.

Во меѓувреме актуелниот премиер Зоран Заев при посета на затворите се ракува со луѓе обвинети за тешки дела. Партизираните кадри на СДСМ на чело со Зоран Заев ги злоупотребуваат своите државни позиции за обезбедување на комодитет на затворениците и криминалците по затворите, кои веројатно ним им се потребни за црна кампања. 

Две години подоцна, уапсените од Диво Насеље на кои им се заканува и доживотен затвор, добија надеж дека ќе бидат ослободени со изјавата на Заев за законот за општа амнестија. Меѓу уапсените беше и Деме Шеху, инаку косовски државјанин и дел од терористичката група, со чии јатаци следниот ден по завршување на анти-терористичката акција се фотографираше Зоран Заев, правејќи селфи фотографии.

Јас сум горд со вашиот хероизам браќа мои. Се боревте како Бајрам Цури и Иса Болетини. Оние кои не се на страната на Бег и Мирсад ќе останат дволични и предавници! Јас бев, сум и секогаш ќе бидам на страната на Мирсад и Бег и ќе ги бранам своите национални вредности со мојот живот каде и да сум. Бранејќи ги вредностите на Бег и Мирсад, ги браниме вредностите на УЧК и националните вредности, ја браниме причината за која ги жртвувавме нашите животи! Слава на 10-те Ослободителни орли на Албанија! За Бегу, Мирсад и други херои кои херојски паднаа во Диво Насеље, ќе зборуваат генерации и генерации и ќе бидат пример како треба да се борат за обединување на Албанија во едно заедничко знаме и карта! Слава на хероите на татковината!

Ова го напишал во својот последен пост на социјалната мрежа Фејсбук, Дем Шеху, еден од обвинетите во случајот Диво насеље.

Беше објавено дека при посетата на затворот Идризово од страна на Зоран Заев, терористот Деме Шеху добил и мобилен телефон кој сега го користи да си ја „отвори душата“ на социјалните мрежи. Тој, кусо време потоа, на Фејсбук напиша:

Кога се сеќавам на генерациите политички затвореници уште од времето на Ранковиќ се до 98-тите години, и тивко се запрашав што ги задржало тие луѓе силни и каде ја нашле сета таа храброст, со оглед на тоа што поминале низ перкусиониот пламен на неправда и низ злобата на српбословените?
Одговорот произлегува од силата на мојата совест:
Жртва за нацијата, не бетонира нè прави посилни од ветриштата и бурите од диви времиња!
Љубовта кон татковината е Божествена!
Бог ја благослови албанската нација, пишува терористот Деме Шеху на својот ФБ профил, од новиот телефон, за кој како што пишува порталот Инфомакс, го добил во затворот Идризово при посетата на Заев.

Терористичката акција многумина ја сметаат за смислена провокација од страна на истите центри на моќ кои несебично се залагаа да го инсталираат Зоран Заев на власт во Македонија, во која животите ги загубија осум македонски бранители.

Имињата на овие херои се цената која Заев ја плати за да се дограби до власт, а денес, од позиција на премиер да се залага и за ослободување на убијците на овие осум македонски херои. Мизерно, се вели во текстот на Инфомакс.

 

Жарко Кузмановски (р. 1981), од с. Брвеница, Тетовско
Ненад Серафимовски (р. 1987), од с. Зубовце, Гостиварско
Сашо Самојловски (р. 1982), од с. Брвеница, Тетовско
Бобан Ивановиќ (р. 1968), од с. Стајковци, Скопско
Горан Илијевски (р. 1974), од Гостивар
Исамедин Османи (р. 1983), од с. Студеничани, Скопје
Љубиша Аранѓеловиќ (р. 1966), од Скопје
Горан Стојменовиќ (р. 1970), од Миладиновци, Скопје

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.