Свет

Затворено еврејско училиште поради опасност од терористички напад

Холандските власти соопштија дека денеска е затворено училиште за ортодоксни Евреи во Холандија заради мерки на внимателност предизвикани од терористичка опасност.

Директорот на училиштето во Амстердам, рабинот Бењамин Јакобс, на холандските медиуми им изјави дека немало директни закани, но дека властите одлучиле да го затворат училиштето заради настаните во соседна Белгија, каде двајца осомничени исламистички терористи вчера беа убиени во пресметка со полицијата.

Пред родната куќа на Ана Франк во Амстердам и пред другите потенцијални цели на терористички напади поставено е дополнително обезбедување.