Затворска и условна казна за демонстрантите кои не ја признаа вината

Кривичниот суд во Скопје ги прогласи за виновни двајцата демонстрантите кои беа уапсени за време на протестите пред македонската Влада на 5 мај и кои не ја признаа вината за делото за кое се товарат.

Едниот од демонстрантите доби затворска казна од 2 години и 4 месеци, а вториот условна од 7 месеци која нема да се реализира доколку во рок од 2 години не стори ново кривично дело.

Тие беа обвинети за кривичното дело учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службени дејствија.

Во текот на судењето, првиот изјави дека ги удирал полицајците по штитовите со пластична рачка за знаме и никого не повредил. Другиот пак рече дека цело време набљудувал од страна и не бил инволвиран во насилството.

Досега им се судеше на 17 мина демонстранти, 13 добија условни пресуди откако признаа вина, двајца затворски казни од по 10 месеци и 1 година.

van

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.