Казна затвор за преслаби манекенки во Франција

Франција донесе нов закон кој пропишува дека манекенките мора да имаат лекарско уверение за тоа дека не се преслаби доколку сакаат да се занимаваат со мода, бидејќи во спротивно можат да се соочат со казна затвор до шест месеци и парична казна од 75 илјади евра.

Новиот закон, кој го усвои францускиот парламент, предвидува сите модни магазини јасно да ги дбележат сите фотографии од човечко тело кои поминале било какви корекции или ретуширање во Фотошоп.

На овој начин Франција сака да и пропише на модната индустрија кој е минимален индекс на телесна тежина кој манкенките мора да го имаат.

-Недопустливо е да има комеријална експлоатација на луѓе кои го загрозуваат своето здравје, вели францускиот политичар Оливиер Веран.

Имено, се проценува дека во Франција некаде помеѓу 30.000 и 40.000 луѓе, меѓу кои највеќе адолесценти боледуваат од анорексија и други пореметувања во исхраната, често со фатални последици по здравјето.