Затворски казни за обвинетите во случајот „Милка“

Седуманесет лица денеска ја слушнаа пресудата за случјаот „Милка“. Според обвинението постапката се водеше против 31 лице кои беа обвинети се криумчарење на добиток од Македонија во Албанија.

Изречената највисока затворска казна е 8 години и 6 месеци, а другите обвинети добија од ослободителна пресуда до затворска казна до 8 години.

Во притвор во моментов се наоѓаат 17 лица, а 14 се во бегство.

Меѓу осудените има и полициски службеници кои примале поткуп за да ја договараат патеката за криумчарење и кои наплатувале по 3,5 евра по килограм добиток.