Затворскиот цимер на Лаушевиќ: Беше кај мене, плачевме како мали деца

Познатиот актер Жарко Лаушевиќ кој по 15 години ја посети Црна Гора, имал средба со херојот од својот роман „Годината минува, денот никогаш“.

Лаушевиќ во родното Цетиње го посетил цимерот од затворот, Никола Калуџеровиќ. Во изјава за српски „Блиц“, Калуџеровиќ вели дека средбата била многу емотивна и двајцата плачеле како мали деца.

„Беше кај мене дома и се исплакавме како мали деца. Најнормално се однесува мојот Жаре, но малку изгубил од својата убавина. Тој и сега изгледа многу убаво, но, не како порано. Но, кој не го знае како момче, тој не знае ни што е неверојатна машка убавина. А, што зборувавме, не можам да ви кажам, бидејќи тоа е наша работа“, вели Калуџеровиќ за „Блиц“.

Порасна тука покрај мене во Цетиње и трагедијата го донесе кај мене во затворот. Откако отиде во Америка, често се слушаме, а кога сега го видов сонце ме огреа како никогаш откако го изгубив синот, вели Никола кој бил во затворот заедно со Жарко поради убиство при освета на својот син.

Жарко Лаушевиќ се обиде неговата посета во татковината да биде незабележана и тивка, поради стравот од крвната одмазда.  Тој во текот на престојот во Црна Гора се сретнал со фамилијата и пријателите, а го посетил и гробот на својот татко, и тоа првпат по погребот во 1997 година.
Како што дознаваат српските медиуми, најдолго се задржал покрај постелата на својата мајка. Таа е тешко болна и неподвижна, и поради неа тој и најмногу дошол во Црна Гора. Покрај неа, седел и плачел, свесен дека можеби ја гледа за последен пат. Тој и неговиот брат Бранимир плаќаат две жени кои постојано се покрај неа. Тоа ги чини 1.000 евра месечно – вели за „Блиц“ еден од роднините на Жарко.

Лаушевиќ пред два дена допатува во Белград, каде што најголем дел од времето го минува со пријателите кои ги нема видено со години.


Вујкото на убиеното момче: Ќе му ја испијам крвта


Жарко по два дена во Црна Гора, дошол во Белград поради стравот од одмазда на семејствата на двајцата кои тој ги уби во 1993 година. Тоа за „Блиц“ го потврдил пријателот на Жарко и колега, Ирфан Менсур.

„Таквиот страв е реален и крајно оправдан, особено во традиционалното црногорско општестводалеку помал од . Но, тој страв кај него е многу помал од неговото страдање и самопрекор“, вели Ирфан.

Вукота Јашовиќ, вујко на Радован Вучиниќ кој Жарко го уби пред 21 година, не го криел револтот поради доаѓањето на Лаушевиќ. Тој без воздржување за „Блиц“ вели дека нема да се смири додека „не падне крв“.

„Се држам до законот „заб за заб, крв за крв“ и нема да се смирам додека не го видам Лаушевиќ мртов. Тој ја  зацрни куќата на мојата сестра, а и нему нема да му биде подобро, ви кажувам. Велат дека му е доволна казната што е во странство. Е, не е. Ќе му биде полошо. Крвта ќе му ја испијам“, кажал Јашовиќ.