Заушка за Заев и Героски од САД и ЕУ

Делегацијата на САД и на ЕУ денеска во заедничка изјава, како што наведуваат, им одаваат признание на граѓаните, кои го искористија своето право на глас на парламентарните и на претседателските избори на 27 април, јавува МИА.

„Ние ја споделуваме оценката на ОБСЕ/ОДИХР во поглед на ефикасното спроведување на неодамнешните избори. Забелешките што тие ги изразија, слични на оние од 2011 и 2013 година, а кои се однесуваат на пристрасно покривање од страна на медиумите и на непостоење на разграничување на државните од партиските активности, што не овозможува рамноправен терен за натпревар, треба да бидат адресирани“, наведено е во заедничката изјава.

Во тие напори, како што се потенцира, мора да се вклучат партиите што ќе ја формираат новата влада и да се ангажираат со опозицијата во конструктивен дух.

„Тие мора да се осврнат не само на техничкиот аспект на организирање на избори, туку мора да ги адресираат и сите неправилности и диспропорционалности во поширокиот изборен систем, бидејќи со нив се ризикува да се поткопа довербата во демократскиот процес, посочуваат ЕУ и САД.

Ги повикуваат, како што наведуваат, сите лидери на политичките партии конструктивно да се ангажираат во реформите кои ќе го унапредат процесот на евроатлантската интеграција. ЕУ и САД остануваат партнери на замјата во тие напори“, се вели во заедничката изјава.