Завеани кај Зрењанин, два шлепера го попречија патот луѓе чекаат помош

Сообраќајот на делницата Стајичево-Перлез во Србија од синоќа е блокиран, поради ветер со орканска силина што предзвика наноси од снег.

Сообраќајот на таа делница е блокиран од синоќа од 21 часот. Едно момче, за РТС изјави дека со неговата девојка се завеани во автомобил.

Според неговите зборови, пред него имало 30 автомобили, а уште толку имало позади него.

Има и завеани автобуси, па се претпоставува дека во тешка ситуација се десетици луѓе.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.