Како да се ослободите од зависта и љубомората?

4.Одвоете се од луѓето што кај вас ги предизвикуваат овие емоции. Престанете на социјалните мрежи да ги следите луѓето кон кои ги чувствувате овие емоции се додека не ја промените сопствената перспектива и не научите како да се носите со сопствените чувства.

5.Отворено разговарајте за тоа како се чувствувате. Зависта и љубомората всушност се чести емоции, но ако забележите дека влијаат на вашата работа, врска, брак или воопшто врз животот, тогаш е време да поразговарате за нив. Доверете се на некоја блиска личност која може да ви помогне да се соочите со нив.

taga-devojka-1

6.Честитајте им на другите на нивниот успех и бидете среќни поради нивната среќа. Според будистичкото верување, емоцијата што е дијаметрално спротивна на зависта и љубомората се вика „радост од сочуство“. Тој израз осначува чувство на искрено задоволство поради среќата и успехот на другите луѓе. Имено, будистите сметаат дека туѓата среќа може да влијае и на вашето лично задоволство ако сте искрено среќни поради неа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.