ВИДЕО: Заводливиот танц на Жизел

Заводливиот танц на Жизел ќе ве натера ова видео да сакате да го погледнете уште неколку пати!

Можеби чизмите на Џесика Симпсон се направени за шетање, но затоа чизмите на Жизел се направени за танц! И тоа каков! Жизле танцува заедно си други суперзгодни манекенки во теретана пред објективот на големиот Марио Тестино!

Имено, бразилската убавица и легендарниот моден фотограф повторно се здружија за да снимат тв реклама за познатиот бренд чевли Стјуард Вајцман.

Па каков е финалниот резултат? Може само да ви кажеме дека ова видео нема да го погледнете само еднаш, затоа што танцот на Жизел е заводлив, забавен и крајно еротски.

Ова видео со заводливиот танц на Жизел премиерно ќе биде прикажано на доделувањето на МТВ наградите.

Жизел веќе две години по ред докажува дека е одлична замена за Кејт Мос која претходно ги промовираше чизмите на познатиот моден креатор. Досега се фотографираше топлес, без пантолони, а овој пат облеката ја задржа на себе иако сепак во фокусот беа токму нејзините убави нозе.