Заводникот Клуни и Амал Аламудин направија втора свадба

Американската холивудска ѕвезда Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал Аламудин, предизвикаа револт и протести кај Британците кои беа отстранети од хотелот, каде гламурозниот пар правеше втора свадба, за своите најблиски колеги и пријатели, по првата свадба, направена во Венеција.

За овој повод, Клуни го закупил целиот хотел, еден типично британски кантри хаус, во англиската област Бакингамшир, па управата на хотелот од „безбедносни причини“ и за да му угоди на Американецот, ги откажа сите резервации што „обичните“ гости, сите британски туристи ги имаа направено со месеци порано.

Односот на управата на хотелот кон овие гости беше толку ригорозен, што беа откажани и резервациите за хотелскиот ресторан и за салите за пиење англиски чај, со бисквити, во 17 часот попладне.

Таквиот гест на отмениот хотел, ги налути Британците кои не сакаа да прифатат дека ја загубиле резервацијата, само затоа што Клуни сака да прави уште денови свадба, сега во англиски амбиент. Дел од овие луѓе поднесоа формални приговори до управата на компанијата која стопанисува со хотелот, а други ја пријавија управата на хотелот кај надлежните власти. Тие се лутат и затоа што хотелската управа нема понудено никаква компензација.

Лутината на Британците, не ги обесхрабри Клуни и Амал да истраат во уредувањето на хотелот „Денисфилд Хаус“ за свадбените свечености, онака како што тие планирале, за што американскиот актер има платено повеќе од 100.000 долари.

Мирниот хотел со спа, беше претворен во безбедносна „тврдина“ во која беше строго контролирано кој влегува и излегува и сето тоа траеше три дена, колку што траеја и (вторите) свадбени свечености.

Клуни (53) и неговата сопруга Амал (37) која е лондонски адвокат за човекови права, првиот ден имаа свечен ручек со мајката и таткото на невестата, Бариа и Рамзи Аламудин.

Вториот ден помина во гламурозна „гарден забава“ за која Клуни плати 12.000 долари и на која имало само 90 поканети гости, како Бред Пит и Анџелина Џоли, кои не беа на свадбата во Венеција, Мерил Стрип, Леонрадо ди Каприо, Бен Афлек, Кевин Спејси и Иан Мекрегор.

За нив се направени специјални коктели, во посебна боја за женските и за машките гости. За сите нив потоа е приредена свечена вечера според „кралски протокол“ на облекување.

Сите специјални гости престојуваа во хотелот во Бакингамшир, а Клуни и сопругата им го платија сместувањето од над 200 долари по човек.

Засега нема реакција од управата на хотелот, на поплаките и приговорите на обичните британски туристи кои викендот, при крајот на октомври, не можеа да го поминат во „Денисфилд Хаус“ само затоа што Џорџ Клуни не сакаше да има други гости освен неговитe.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.