четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 0

Завршени рекоструктивните зафати во средното специјално училиште „Искра“

skolo

Последни вести

Државното средно училиште за специјално образование и воспитание „Искра“-Штип е подготвено за прием на учениците од 19-те општини од источниот и југосисточниот регион. Директорот на ДСУ „Искра“, Марјан Арсов денеска соопшти дека е извршена  редовна реконструкција на училниците и на спалните соби во интернатискиот дел на училиштето.

– Имаме 11 машки и пет женски спални каде што се сместени учениците. Таму имаме вообичаено средување на училишниот инвентар, училшниот мебел, кревети и белење на просториите, односно на спалните, вели Арсов.

Тој истакна дека доколку некоја фирма е заинтересирана за донации на училиштето во кое се едуцираат ученици со посебни потреби потребни им се пред се душеци за кревети во интернатскиот дел. Во ДСУ „Искра“ заврши и поставувањето на системот за парно греење во новите училници, а пред стартот на учебната година ќе биде пуштен и новиот паркинг на училиштето.

Во ова училиште во прва година се запишале 12 ученици, причина за помалиот број на ученици во споредба со минатите години е воведувањето на девотолетката. Арсов забележува дека помалиот број на ученици нема да влијае врз работат на наставниот кадар и формирањето на четирите паралелки. Фирмите на крајот од секоја година од ДСУ „Искра“ бараат ученици кои ќе можат да ги вработат во нивните фирми. Арсов вели дека има успешни и позитивни приказни, нивни ученици веќе со години работат во фирми кои што ги ангажирале на нивна препорака.

Најчитани вести