Македонија

Завршена рехабилитацијата на клучката кај кумановско Горно Коњаре

Завршена рехабилитацијата на клучката кај кумановско Горно Коњаре
Завршена рехабилитацијата на клучката кај кумановско Горно Коњаре

Јавното претпријатие за државни патишта ја заврши рехабилитацијата на клучката кај кумановското село Горно Коњаре и изврши функционално дополнување на сообраќајното поврзување на регионалниот пат Р 1104 со автопатот Александар Македонски на Коридорот 10. Директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов направи увид  по завршувањето со градежните работи.

Завршена рехабилитацијата на клучката кај кумановско Горно Коњаре
Завршена рехабилитацијата на клучката кај кумановско Горно Коњаре

Сообраќајното поврзување во правец од Куманово кон границата со Србија до сега овозможуваше само исклучување од автопатот кон регионалниот пат , а по изградбата на новата сообраќајна лента  се овозможи и приклучување на автопатот Александар Македонски од регионалниот пат за населените места кои гравитираат во овој регион . При тоа се изврши проширување на постојната исклучна лента од автопатот и беше изградена уште една сообраќајна лента за возилата кои се приклучуваат на автопатот во правец кон границата со Србија. На клучката е поставена нова стандардна вертикална и хоризонтална сигнализација.

Завршена рехабилитацијата на клучката кај кумановско Горно Коњаре
Завршена рехабилитацијата на клучката кај кумановско Горно Коњаре

Финансиските средства за рехабилитацијата на клучката  во износ од 12 милиони денарисе обезбедени преку Годишната програма за одржување и заштита на државните патишта.