Спорт

Заврши авантурата на Боатенг и Сем во Шалке

Заврши авантурата на Боатенг и Сем во Шалке

Очигледно дека вчерашниот пораз од Келн ја “прели чашата” во Шалке, па веќе денеска клубот реагираше со раскинување на договорите на Кевин Принс Боатенг и Сидни Сем.

Управата на тимот од Гелзенкирхен и особено тренерот Роберто Ди Матео не биле задоволни од залагањето на овие двајца фудбалери изминатиов период, па затоа и се пристапило кон прекин на соработката.

Шалке во овој момент се бори за излез во Европа, има само два бода повеќе од Борусија Дортмунд и доколку се случи “милионерите” да ги поминат, во наредната сезона ќе играат само во Бундеслигата, а ќе виси и позицијата на Ди Матео.

До пред два месеци Шалке се бореше за пласман во Лигата на шампионите.