Балкан

Заврши драмата во Ниш – Бизнисменот се откажа од намерата да се самозапали

Заврши драмата во Ниш – Бизнисменот се откажа од намерата да се самозапали

По четири часа поминати на покривот од неговата фабрика, Зоран Цекиќ сопственикот на фабриката за производство на мебел „Еуростил“, се откажал од намерата да се самозапали и се симнал од покривот.

Тој се симнал бидејќи добил верување дека неговиот објект нема да биде урнат се’ до усвојување на урбанистичкиот план за овој дел од градот.

zoran-simnuva500

Инаку, тој од утрово во знак на протест се качи на покривот, се поли со бензин и се закануваше дека ќе се запали.

zoran-lekari500

Инспекторот за недвижности морал да се качи на покривоти да разговара со него, додека тој го држел запалка во раце, што ја потврдувало серизоноста на намерата на Зоран да се самозапали.