Заврши епидемијата на жолтица во Скопје

Заразната епидемија на жолтица на подрачјето на град Скопје заврши, соопштија од Центрот за јавно здравје. Епидемијата  беше проласена на 22 август кога во главниот град беше регистриран зголемен број за заболени  од оваа болест.

Според податоците на Центарот , биле регистрирани купно 476 лица од кои 247 се регистрирани како Хепатитис вироса А, а 229 се регистрирани како недиференциран Хепатитис вироса. Најмногу заболени се регистрирани во септември и октомври кога се забележани по 37 нои случаи неделно.

Болнички третман добиле 177 лица од вкупниот број заразени со жолтица, односно 31, 1 процент од регистрираните случаи.

Епидемиолозите и понатаму ќе продолжат да ја следат состојбата со заразните болести во Скопје каде се преземаат сите потребни санитарно-хигиенски мерки, најавуваат од Центарот за јавно здравје.