Заврши есенската дератизација на шахти во Гази Баба

Општина Гази Баба на својата територија ја заврши акцијата за есенска дератизација на шахти.

Со постапката за уништување на глодарите беа опфатени 2500 шахти, за кои беше употребен парафински блок Бромахен. Уништувањето на глодарите траеше околу две недели, а акцијата ја изведе ЈЗУ “Центар за јавно здравје – Скопје” во соработка со ЈП Водовод и Канализација, информираат од општина Гази Баба.

Дератизација на шахтите во општина Гази Баба се врши два пати во годината, на пролет и на есен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.