Заврши есенскиот дел од првата кугларска лига

Со одигрувањето на натпреварите од седмото коло и официјално заврши есенскиот дел од првата кугларска лига во Македонија.

Во петокот /28.11.2014 година/ во кугланата во спортскиот центар “Борис Трајковски” се сретнаа лидерите на табелата, тимовите на “Работнички” и “Макпетрол”. На натпреварот победи гостинската екипа, со резултат 1:7 и вкупен резултат по соборени дрва 3323:3412.

Вчера /29.11.2014 година, сабота/ се одиграа преостанатите 3 натпревари.

Во кугланата во спортскиот центар “Борис Трајковски” се одиграа два натпревари, каде силите ги одмерија екипите на “Вардар 2014” и “18 Август Адинг” и екипите на “Македонија” и “Хераклеа”.

KOmpelitano 7- kolo (1)

Во првиот натпревар одигран во саботата екипата на “Вардар 2014” со максимални 8:0 ја совлада екипата на “18 Август Адинг”, со вкупен резултат по соборени дрва 3355:3022.

Во вториот натпревар се одигра одличен и докрај неизвесен натпревар помеѓу екипите на “Македонија” и “Хераклеа”, каде во меѓусебните пресметки резултатот беше 3:3 и победникот беше одлучен во вкупниот резултат на соборени дрва, каде гостите имаа подобар резултат 2939:3039 и со тоа победија со резултат 3:5.

Во кугланата “Мусандра” во Градскиот трговски центар во Скопје, екипата на “Империјал Тобако” изгуби од “ГТЦ” со максимални 0:8, со резултат на вкупно соборени дрва 3026:3294.

KOmpelitano 7- kolo (2)

Со завршувањето на есенскиот дел од првата кугларска лига во Македонија, “Макпетрол” е есенски шампион без да изгуби ниту еден бод во досегашните дуели, додека екипата на “Македонија” досега не успеа да освои ниту еден бод.

Со комплетирањето на седмото коло ја добиваме следната состојба на бодовната табела:
ТАБЕЛА

Место ЕКИПА Вкупно одиграни натпревари Победа Нерешено пораз Бодовна состојба
1. МАКПЕТРОЛ 7 7 0 0 14
2. РАБОТНИЧКИ 7 4 1 2 9
3. ВАРДАР 2014 7 4 1 2 9
4. “ГТЦ-СКОПЈЕ” 7 3 2 2 8
5. “ХЕРАКЛЕА” 7 3 1 3 7
6. 18 АВГУСТ АДИНГ 7 2 1 4 5
7. ИМПЕРИАЛ ТОБАКО 7 2 0 5 4
8. МАКЕДОНИЈА 7 0 0 7 0