Заврши летниот распуст, од понеделник 280.000 ученици повторно во училиште

За околу 280.000 основци и средношколци заврши летниот распуст и од утре за нив почнува новата 2014/2015 година.

Првпат во училишните клупи ќе седнат и околу 20.000 првачиња.

Учебната година почнува со засилени хигиенски мерки и дезинфицирани училници поради појавата на зараза од жолтица во неколку општини.