Заврши лидерската средба

Заврши лидерската средба

Заврши средбата на лидерите на четирите најголеми партии во Македонија – Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА, што се одржа доцна попладне во Клубот на пратениците во обид да се најде решение за излез од политичката криза во земјава.

По средбата што траеше повеќе од час лидерите на партиите не дадоа изјави.

И на денешната лидерска средба како набљудувачи присуствуваа амбасадорите на САД и ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав.

Средбата беше договорена по разговорите на партиските лидери одржани на 19 јуни исто така во Клубот на пратениците, а на кои тие уште еднаш ја потврдија нивната целосна посветеност на договорот од 2 јуни постигнат со посредство на евокомесаротза преговори за проширување и европска соседска политика, Јоханес Хан.