Македонија

Заврши Малиот битолски Монмартр

Заврши Малиот битолски Монмартр

Со доделување награди за најдобрите и признанија за учесниците, денеска во Битола заврши 34-то издание на Меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“.Стручното жири имаше тешка задача и оваа година да ги избере најдобрите.

„Оваа година беа создадоа нови 500 ликовни творби од работата во Битола , Охрид и Крушево, а за нив раководителот Коста Хаџиантоновски вели дека се најдобрата колекција, а тоа ќе му помогне побрзо да го заборави немилиот настан од пожарот што го зафати студиото еден ден пред свеченото отворање на манифестацијата.Денес беа доделени наградите и признанијата на најуспешните. На манифестацијата Мал битолски Монмартр зедоа учество над 60 учеснициод цел свет.Некои доаѓаат за прв пат , но некои се долгогодишни учесници кои со себе ќе понесат прекрасни спомени .Верувам дека годинешното издание е прекрасно и дека ќе го помогнат Малиот Битолски Монмартр сите оние што го сакаат, а 100-те балони испратени кон светот носат порака за мир и до гледање на Монмартр 2015“, изјави  раководителот Коста Хаџиантоновски.

Учесниците задоволни од организацијата и од архитектурата на Битола, Охрид и Крушево

„ Се дружевме, беше многу убаво, а и архитектурата е овде преубава, овие три града кои ги посетивме изобилуваат навистина со прекрасна архитектура, рекоа дел од учесниците

Според востановената традиција и на денешното свечено затворање на сите учесници на битолскиот Монмарт им беа доделени благодарници и срциња и во чест на манифестацијата беа пуштени стотина балони испратени кон светот.