Заврши Мундијалот за Суарез: Четири месеци без фудбал и казна од девет меча!

Светското првенство во Бразил заврши за уругвајската ѕвезда Луис Суарез, откако попладнево ФИФА остро го санкционираше неговиот потег со гризењето врз Џорџо Кјелини, објави sportmedia.mk.

Суарез заработи суспензија од девет меча, но и четиримесечна забрана за било каква фудбалска активност. Суарез девет репрезентативни мечеви нема да може да игра за Уругвај, а казната почнува од осминафиналниот дуел и ќе продолжи на идното СП или во квалификациите за следниот Мундијал.

Тоа значи дека Уругвај ќе го продолжи настапот без својата прва ѕвезда, што е голем хендикеп за неговата селекција, која задутре ја очекува јужноамериканската пресметка со Колумбија во осминафиналето.

Покрај оваа казна, Суарез ќе мора да плати и парична казна од сто илјади швајцарски франци.