Заврши периодот на жалост за поранешниот севернокорејски лидер Ким Џонг Ил

Крај на тригодишната жалост за поранешниот лидер Ким Џонг Иле прогласен во Северна Кореја. Со ова е отворен патот неговиот син Ким Џонг-ун да остави „личен печат“ во управувањето со државата.

Државната телевизија пренесе собирање на десетици илјади луѓе кои се поклонуваат пред неговата огромна статуа (22 метра) во Пјонгјанг.

Ким владееше 17 години со Северна Кореја, а почина во 2011 година по што го наследи неговиот син Ким Џонг-ун.

Планирано е синот заедно со водечките партиски и воени официјални лица да оддаде почит во текот на денот во Палатата на сонцето, мавзолеј во Пјонгјанг во кој се балсамирани телата на неговиот татко и дедо. Фамилијата Ким владее со Северна Кореја веќе 70 години.