Заврши повлекувањето на тешкото вооружување во Луганск и Доњец

Самопрогласените Доњецка и Луганска народна република во Источна Украина изјавија денеска дека завршиле со повлекување на тешкото вооружување од линијата на поделба меѓу нивните војски и силите на Киев, пренесува МИА.

Армијата на ДНР заврши со повлекување на техниката во присуство на набљудувачи на ОБСЕ, изјави локалниот заменик-министер за одбрана Едуард Басурин.

Подоцна премиерот ЛНР Генадиј Ципкалов изјави дека тие исто така го повлекле тешкото вооружување од линијата на поделба.