Заврши расправата за уставните измени

Заврши 30-дневната јавна расправа за измените на највисокиот правен акт, што ги предлага Владата, а на денешната дебата во Собранието, која беше и последна, ставовите ги соочија експерти, НВО активисти, професори, пратеници…

Предложените измени ќе бидат испратени и до меѓународните институции кои до 10-ти октомври треба да го дадат своето мислење, а тогаш се очекуваат и завршните препораки од Венецијанската комисија, која веќе изнесе свои забелешки за дел од измените.

Иако во јавноста имаше критики дека е спорно да се менува Уставот кога опозицијата не е во Парламентот и кога нема поширок консензус, претставници на владејачкото мнозинство сметатаат дека условите во кои се носат уставните измени се соодветни за измена на Уставот.

-Измените на Уставот се однесуваат на семејното право, правосудството и фанансиското право. Во составот на судскиот совет се менува бројот на членовте судии, во семејното право се дефинира бракот со цел да се заштити традиционалното семејство, а во финансиското право се менува името на Народната Банка во Банка на Македонија и се дефинираат меѓународни финансиски зони. Претствници од Уставниот суд сметаат дека уставните измени поврзани со судовите со добри, но некои од нив имаат и одредени забелешки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.