Македонија,Политика

Заврши рокот за пријавување на дијаспората за претседателските избори

Заврши рокот за пријавување на дијаспората за претседателските избори

Рокот за пријавувањет на македонските граѓаните кои живеат во странство за претседателските избори заврши вчера.

Од македонските конзулати во САД информираат дека, според добиените инструкции, граѓаните кои досега се пријавија за гласање на претседателските избори и кои добиле потврда дека се внесени во избирачкиот список, автоматски ќе бидат запишани за гласање и за предвремените парламентарни избори. Дополнително, во рок до 30 март граѓаните во дијаспората кои досега не се пријавиле, ќе можат да го сторат тоа, но само за гласање на предвремените парламентарни избори.