Спорт

Заврши сезоната за Алаба

Заврши сезоната за Алаба

Дефанзивниот ирач на Баерн Минхен, Давид Алаба ќе биде надвор од теренот до крајот на сезоната. Австрискиот интернационалец се пожали на поведа во левото колено во мечот кој неговата репрезентација го одигра со Босна и Херцеговина.

Според досегашните информации, Австриецот ќе мора да паузира во следните 6-8 седмици. Според тоа, тој ќе го пропушти најважниот дел од сезоната во која Баерн се уште е во трка за трофеите во домашниот шампионат, Националниот Куп и Лигата на шампиони.