Заврши штрајкот со глад на тројцата професори од Штипскиот универзитет

Tројцата професори од Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ – Крсте Шајноски, Александар Костадиновски и Маргарита Матлиевска заедно со раководството на СОНК го прекинаа штрајкот со глад.
Во писменото соопштение велат дека овој чекор го прават во знак на добра волја со што би се симнал сомнежот за политичка позадина на штрајкот.
Од СОНК велат дека очекуваат раководството на универзитетот „Гоце Делчев“ итно да го решат случајот со тројцата професори.