Заврши третото коло од македонската кугларска лига

Вчера  се одиграа последниот натпревар од третото коло од Македонската кугларска лига 2014/2015 година.

Во кугланата “Мусандра” во Градскиот трговски центар се одигра антпреварот помеѓу  екипите на Август АДИНГ и ГТЦ. На овој натпревар победи домашната екипа со резултат 6:2, каде екипата на Август АДИНГ имаше 3133 вкупно соборени кегли, додека екипата на ГТЦ имаа вкупно 3097 соборени кегли.

Претходно, во саботата беа постигнати следните резултати:

– Работнички – Вардар 2014 5:3 (3267:3237)

– Империјал Тобако – Македонија 7:1 (3112:2923)

– Хераклеа – Макпетрол 0:8 (2903 – 3233)

Најдобри поединци во третото коло:

1. Николовски Виктор, Макпетрол – 566

2. Манев Тодор, Работнички – 565

3. Трпковски Александар, Работнички – 562,197 во чистење

4. Зозински Кипро, Работнички – 562, 183 во чистење

5. Младенов Младен, Империјал Тобако – 559, 181 во чистење

6. Димитровски Димитар, Вардар 2014 – 559, 179  во чистење

Со комплетирањето на натпреварите од третото коло, ја имаме следната бодовна состојба:

 

ТАБЕЛА

Место

ЕКИПА

Вкупно одиграни натпревари

Победа

Нерешено

пораз

Бодовна состојба

1

МАКПЕТРОЛ

3 3 0 0 6
2

18 АВГУСТ АДИНГ

3 2 0 1 4
3

РАБОТНИЧКИ

3 2 0 1 4
4

“ГТЦ-СКОПЈЕ”

2 1 1 0 3
5

“ХЕРАКЛЕА”

3 1 1 1 3
6

ВАРДАР

3 1 0 2 2
7

ИМПЕРИАЛ ТОБАКО

3 1 0 2 2
8

МАКЕДОНИЈА

3 0 0 2 0

 

Четвртото коло во Македонската кугларска лига 2014/2015 година ќе се одржи во сабота /08.11.2014 година/, каде ќе се одиграат следните натпревари:

1. ГТЦ- Вардар-2014 – куглана Мусандра (ГТЦ-Скопје) 10 часот

2. Македонија-Работнички – куглана Борис Трајковски 11 часот

3. 18 Август Адинг – Макпетрол – куглана Борис Трајковски 11 часот

4. Хераклеа-Империал тобако – куглана во спотска сала Младост (Битола) 11 часот