Македонија

Заврши законската обврска за носење зимска опрема во возилата

Заврши законската обврска за носење зимска опрема во возилата

Заврши законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, која траеше до 15.03.2014 година.

Сообраќајот на патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Предупредување до возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.