Завршија групните натпревари на ЕП за жени

Осум репрезентации се пласираа во четвртфиналето на Европското првенство за кошаркарките што се одржува во Унгарија и во Романија. По завршувањето на втората фаза четирите првопласирани од групите ја продолжуваат борбата за медалите.

Во четвртфиналето кое ќе се игра во Будимпешта двојките се: Турција – Србија и Литванија – Белорусија (24-ти јуни) и
Шпанија – Црна Гора и Франција – Русија (25-ти јуни).

Инаку, синоќа се комплетираше 5-то коло од Ф групата што се играше во Ѓер:

Словачка – Хрватска 84:62, Шпанија – Русија 66:57 и Србија – Литванија 72:73.

Табела Ф група: Шпанија 5-0 (победи-порази), Литванија 3-2, Русија 3-2, Србија 2-3, Словачка 2-3 и Хрватска 0-5.

Во групата Е табелата изгледа вака: Турција 4-1, Франција 4-1, Белорусија 2-3, Црна Гора 2-3, Грција 2-3, Чешка 1-4.