Завршија преговорите за прекин на конфликтот во Украина

Во Минск завршија преговорите меѓу претседателот на Русија, на Украина, на Франција и на германскиот канцелар за прекин на конфликтот во Украина, пренесе МИА.

Лидерите ја напуштија салата за преговори, прво Порошенко, потоа Путин, Оланд и Меркел.

Дипломатскиот маратон траеше повеќе од 14 часа.

Според извори на ДПА, на преговорите е постигнат договор за прекин на огнот во источна Украина што ќе стапи на сила за 48 часа. Договорот претстои да биде потпишан од сепаратистичките лидери и Контакт групата за Украина.

Фото: ЕПА