Завршни зборови во судењето за масакрот кај Смилковското езеро

Во Кривичниот суд во Скопје денеска одбраната и обвинителството ќе ги дадат завршните зборови пред донесувањето на пресудата за седуммината обвинети за масакрот кај Смилковското езеро.

Случајот „Монструм“ влезе во судницата на 20-ти декември 2012 година и на обвинителната клупа тогаш седнаа тројца од обвинетите Сејди Рами, Фејзи Азири и Агим Исмаиловиќ, додека Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се во бегство.

Судењето на двапати беше стартувано од почеток бидејќи една беше утврдено дека еден од поротниците е во роднинска врска со еден од адвокатите на одбраната, а потоа бидејќи на обвинителната клупа седна и Сами Љута.

Седуммината се обвинети дека го организирале, давале логистичка поддршка, а тројца од нив директно го извршиле петкратното убиството на 12-ти април 2012 година. Во масакрот беа убиени Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, до Радишани како и Борче Стефковски од Црешево.

Полицијата во опсежна акција на 1 мај ги приведе осомничените за убиството.