Завршува кампањата, не за опасни играчки

ОЖ на ПОДЕМ – Битола ќе ја заврши кампањата ,, НЕ за отровните и опасни играчки во Македонија!“ денеска во 11.45 часот на Плоштадот Магнолија.

По тој повод за 100 деца кои први ќе стигнат на нашиот штанд ќе бидат бесплатно поделени 100 играчки, новогодишни украси и честитки.

Исто така, преку 500 едукативни флаери, сакаме да ја подигнеме свеста на родителите да внимаваат при изборот на играчки за своите деца и да избираат безбедни играчки.