Завршува кампањата „Од срце за срце“ на Шпаркасе банка

Шпаркасе Банка како општествено одговорна компанија во соработка со МПМ и СОС Детско Село организираше донаторска кампања под името „Од срце за срце“, која се одржа во периодот од 07.04 – 15.05.2015 година.

Кампањата имаше за цел да ја поттикне креативноста на најмалите, чии цртежи, песнички и кратки раскази беа објавени на Фејсбук страницата „Од срце за срце“, а подоцна и публикувани во книга под истиот наслов.

По повод завршувањето на кампањата „Од срце за срце“, во недела, на Школка во Градскиот Парк во Скопје, ќе се одржи настан со почеток во 11:00 часот.