Завршува љубовта помеѓу ФФМ и селекторот Ѓуровски

По последниот пораз од Белорусија во квалификациите за ЕП 2016 и незадоволството од резултатите низ актуелниот циклус, извесно е дека УО на ФФМ ќе изгласа недоверба за се уште актуелниот македонски селектор. Согласно договорот меѓу двете страни, отказот за Бошко Ѓуровски ќе ја чини ФФМ исплата на три месечни плати како отштетата за предвременото раскинување на договорот или околу 21.000 евра.

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија денеска ќе ја разгледува досегашната работа на македонскиот селектор Бошко Ѓуровски, по што согласно најавите и официјално се очекува разделба со досегашниот предводник на националниот тим.

Претходно, како што е познато, оставка од функцијата менаџер на А репрезентацијата поднесе и Илија Најдоски, по што сега пред ФФМ се отвара простор за нови назначувања на двете водечки позиции во сениорската репрезентација.