Завршува рокот за доставување на архивски материјали

Најдоцна до утре компаниите до Архивот на Македонија треба да достават план на архивски знаци, листа на архивски материјали и на документарен материјал со рокови за чување.

Според последните измени на Законот за архивски материјал, односно Упатството за начинот и техниката на постапување со документарниот и архивски материјал во канцелариското и архивското работење, сите правни субјекти се обврзани од 1 јануари 2015 година да водат Деловодник во кој ќе ги запишуваат сите документи кои влегле и излегле во фирмата. Поради оваа обврска, до утре, компаниите ќе треба писмено да го известат Архивот за начинот на кој ќе ги заведуваат документите.

Освен фирмите, оваа обврска ја имаат и државните органи, институции, јавни установи и служби, јавни претпријатија, општините и Градот Скопје, правните и физичките лица што вршат јавни овластувања, како и приватни, правни и физички лица што самостојно вршат дејност.

Материјалите може да се донесат во Архивот или да се пратат електронски и по пошта