Завршувале ли во приватни експертски џебови 92 милиони соросови евра?

Државата Македонија и нејзините граѓани не видоа поголема придобивка и никаква трајна инвестиција од трошењето на 92 милиони евра колку што СОРОС Македонија потрошила за 24 години колку што постои во Македонија. Од овие пари се офајдиле со грантови голем број на луѓе, а неретко и за финансирање на свои приватни проекти.

Освен тоа значителен дел на движењето на овие пари покажува дека се помагале активнисти кои се во полза на политичкото дејствување на СДСМ. Па така медиуми и невладини организации кои добиле пари од СОРОС се препознатливи по нивното критизерство на политиките на владата.

Практично за парите кои ги дава СОРОС управува со нивните медиум за што посведочи и Саше Политико кој неодамна изјави дека Милчин за парите кои му ги дал за неговиот медиум одредувал кој ќе пишува колумни. Голем број на самопрогласени експерти биле богато платени за своите активности.

Вистинското прашање е каде завршувале овие 92 милиони евра, ако се знае дека нема никаков позначителен ќар државата и не се видливи. Се отвора сомнеж и претпоставка дека огромна сума од овие пари завршувале во приватни џебови кај луѓе кои важат за пулени на СДСМ.

Инаку треба да се знае дека добар дел од овие луѓе располагаат со луксузен имот, пари станови и скапи автомобили.

Нет Прес во јануари годинава објави податоци со имотната состојба на повеќе јавни личности. Тогаш напишавме дека „Бранко Геровски новинарот број 1 на СДСМ поседува ни повеќе ни помалку пет стана и една викендица како и возило Нисан Икс Треил. Тој инаку е раководител на Плус инфо и уредник во весникот Слободен Печаст и двата медиума грантисти на СОРОС фондацијата.

Нет Прес објави дека Борјан Јовановски поседува тојота рав 4, но и 2 стана во Центар. Исто така Ленче Николовска чиј што син го раководи порталот бриф. мк кој исто така добивал пари од СОРОС поседува заедничко земјиште со површина од 3450 м2 и уште едно земјиште со површина од над 15. 000м2 како и два автомобила.Тука и Љубомир Фрчкоски кој важи за еден од професорите кој има најголема заработка, луксузен автомобил.

По ова може да се забележи дека луѓето кои се најголеми критичари и постојано обвинуваат за недемократија и диктатура сосема солидно заработуваат и живеат натрпосечен живот во споредба со сите останати граѓани. Тие во ниту еден момент не се гледа дека ја чувствуваат диктатурата за која говорат по своја кожа.