недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 45

Заврши Европското првенство за ракометарките на Словенија и Полска

Селекциите на Словенија и Полска го завршија својот настап на Европско ракометно првенство што се одржува во Шведска.

првенство

Поврзани вести

Со поразите од Шпанија и Германија, во натпреварите од третото последно коло од првата фаза на шампионатот, ракометарките на Словенија и Полска завршија како на последното четврто место во групите А и Б, со што за нив шампионатот заврши.

На натпреварите од овие групи беа постигнати следниве резултати:

А група: Германија – Полска 23-22 и Шведска – Србија 30-30.
Табела: Србија 5 бодови, Шведска 3, Шпанија 2 и Словенија 2.

Б група: Шпанија – Словенија 30-18 и Холандија – Франција 18-17.
Табела: Германија 4, Франција 4, Холандија 4 и Полска 0.

Со тоа формирана е и првата осминафинална група од главната фаза, во која селекциите на Шведска и Србија ќе стартуваат со по 3 бода, Германија, Франција и Холандија со по 2, додека Шпанија ќе започне без бодови.

Денеска ќе се играат натпреварите од 3.коло во Ц и Д групите, а двојките се: Црна Гора – Унгарија, Норвешка – Русија, Романија – Хрватска и Данска – Чешка.

Најчитани вести