Заврши кратката авантура на Милко Ѓуровски во Злате Моравце

Милко Ѓуровски доби отказ од Злате Моравце

Поради неочекувано слабите резултати, раководството на клубот одлучи да му даде отказ на Ѓуровски по само шест одиграни кола.

Интересно е дека отказот дојде токму по единствената победа која Злате Моравце ја оствари сезонава, на гостувањето кај тимот на Скалица.

Не бевме задоволни од игрите на тимот и постигнатите резултати и моравме да реагираме. За нови тренери се именувани Јозеф Павлик и Либор Фашианг, кои ќе се грижат за тимот во наредниот период, изјави првиот човек на клубот, Вилијам Ондрејка.

Во првите шест натпревари од новата сезона во првенството на Словачка, тимот на Злате Моравце под раководство на Милко Ѓуровски оствари четири порази, едно реми и една победа.