Магазин

Заврши меѓународниот турнир во екстремни спортови „Skopje Extreme Challenge“

Заврши меѓународниот турнир во екстремни спортови „Skopje Extreme Challenge“
Заврши меѓународниот турнир во екстремни спортови „Skopje Extreme Challenge“

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски синоќа ги додели наградите на победниците на вториот меѓународен турнир во екстремни спортови „Skopje Extreme Challenge“, што се одржа во градскиот скејт парк.

Меѓународниот турнир во екстремни спортови „Skopje Extreme Challenge“  се одржа втора година по ред во градскиот скејт парк во периодот од 25 до 27 август 2015 година и тоа со натпревари во три категории: BMX, Skateboarding i inline agresive skate. На финалната вечер се одржа и ревијален натпревар во категоријата Best Tricks.

Победниците по категории се следните учесници:

Skateboarding:

1. Илин Колевски – Р. Македонија;

2. Семи Џексон – САД;

3. Виктор Василевски – Р. Македонија;

Најдобар трик:

Алек Апостоловски – Р.Македонија;

665000unnamed

Агресив ролери:

1. Стеван Божиќ – Србија;

2. Марко Јовчевски – Р.Македонија;

3. Димитар Ристовски + Драган Никодинов – Р.Македонија;

Најдобар скок:

Марко Јовчевски – Р. Македонија;

BMX – Велосипеди:

1. Ѓорѓи Валчев – Бугарија;

2. Марио Андреев – Р. Македонија;

3. Марко Алексоски – Р.Македонија;

Најдобар скок:

Даниел Давчев – Р. Македонија;

На турнирот учествуваа околу 60 натпреварувачи од Македонија, Србија, Бугарија, како и од други земји. Организатор на меѓународниот турнир во екстремни спортови е асоцијација за екстремни спортови Grind House, а Градот Скопје со финансиска поддршка од 80.000 денари е генерален покровител на турнирот.