Заврши мигрантската драма во Белград: Полицијата ги однесе мигрантите

Припадниците на полицијата провалиле во куќата во улициата Сињска во Белград во близина на Плави мост, каде претходно група мигранти се имаше забарикадирано.

Полицајците и инспекторите во моментов ја претресуваат куќата и дворот, додека мигрантите биле однесени со полициски возила.

Како што јавува Б92, во куќата со месеци живееле 16 мигранти, а повремено и до 50. Како што дознава Б92, тие не поседуваат никакви документи, а меѓу нив има и жени и деца.

За време на провалата во куќата, немало никакви инциденти.

Според неофицијалните информации, сопственикот на куќата е во Германија, а во објектот повремено доаѓа неговиот син.

Се претпоставува дека некој од соседите го пријавил случајот во полиција. Воглавно се говори дека мигрантите биле мирни и никому не пречеле.