Заврши наградната игра „Да рециклираме и да се наградуваме“ на Еколект

Голем интерес од граѓаните, конструктивна соработка со општински тимови и поддршка од градоначалниците, вака тимот на Елколект ја сумираше акцијата преку која беше осмислено да се поттикнат и наградат совесните граѓани за правилниот третман на електричниот и електронски отпад во општините Ѓорче Петров, Карпош, Берово, Гевгелија и Богданци.
Наградната игра на Елколект „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ”започна на 28ми ноември 2016та година, а заврши токму во празничниот период во времето за дарување.

Фана Христовска – управител на Елколект изјави дека е задоволна од резултатот на наградната игра и од соработката со општините, посочувајќи дека ваков вид на акции е од искучителна важност за едукација и јакнење на свеста кај граѓаните за потребата од селектирање на отпад со акцент на посебниот третман кон селекцијата на електронскиот и електричен отпад. Таа се заблагодари на граѓаните на петте општини кои земаа учество во наградната игра бидејќи тие директно придонесоа да се намали штетното влијание врз животната средина и здравјето  на луѓето од овој тип на отпад.

333

На 26декември 2016та награден караван на Елколект ги посети 5те општини во кои се организираше наградната игра „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ”. Општините Ѓорче Петров, Карпош, Берово, Богданци и Гевгелија беа домаќини на последниот ден од наградната игра и секоја од општините го одбележа на свој начин со пригоден настан на кој беа извлечени наградните купони.